18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Honor“ подготви нов телефон за гејмерите

„Honor“ подготви нов телефон за гејмерите

Кинескиот бренд „Honor“ претстави нов телефон наменет за гејмерската популација, а е дел од серијата „Honor 80“.

Претставен е „Honor 80 GT“, кој го краси премиум дизајн. Има правоаголен модул за камери на задната страна, поставен вертикално и составен од два дела. Телефонот доаѓа во „Interstellar Black“, „Streamer Mirror“ и „Light Rain Meteor“ бои.

Кога станува збор за спецификациите, уредот се напојува со процесор Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1+, заедно со 12/16GB LPDDR5 RAM и 256GB UFS 3.1 складирање.

Дисплејот на телефонот е со големина од 6,67 инчи, рамен е и користи OLED панел со стапка на освежување од 120 Hz и осветленост од 1400 нити. Има и посебен чип за дисплејот, кој ја зголемува стапката на слики во игрите до 100% и ја намалува потрошувачката до 25 проценти.

Што се однесува до камерите, „Honor 80 GT“ има главен сензор од 54 MP (Sony IMX800), ултра широк сензор од 9 MP и макро од 2 MP. На предната страна има селфи камера од 16 MP.

Сè се напојува со батерија од 4.800 mAh со поддршка за брзо полнење од 66 W. Присутен е и IR blaster, NFC поддршка и линеарен мотор, а телефонот работи MagicOS 7.0 базиран на Android 13.

Во моментов, „Honor 80 GT“ е достапен само во Кина, но може да се појави и на меѓународните пазари. Цените (претворени од кинески јуани) се околу 475 долари за моделот со 12 GB + 256 GB и околу 520 долари за варијантата од 16 GB + 256 GB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП