26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Sberbank“ поради санкциите се повлекува од ОАЕ

„Sberbank“ поради санкциите се повлекува од ОАЕ

Најголемата руска банка „Sberbank“ ќе биде принудена да ја затвори канцеларијата во Обединетите Арапски Емирати на почетокот на следната година, изјави претседателот на таа банка Александар Веџакин. Како причина тој ги наведе западните санкции.

Западните земји воведоа остри санкции за рускиот финансиски систем откако Русија ја нападна Украина на 24-ти февруари. „Sberbank“ е една од големиот број големи руски банки на кои им е забранет пристапот до меѓународниот платен систем „Swift“, а санкциите лично влијаеле на некои луѓе на раководни позиции.

„Поради санкциите, се соочуваме со сериозни ограничувања на работата на нашата канцеларија на „SberInvest“ на Блискиот Исток во Абу Даби. За жал, ќе мораме да ја затвориме во првиот квартал на 2023-та година“, изјави Веџакин во Москва.

Тој додаде дека „Sberbank“ ќе ја затвори својата канцеларија во Обединетите Арапски Емирати, но ќе продолжи да биде достапна за клиентите таму. Во исто време, има активни дискусии со регулаторите во Кина за отворање канцеларија таму. Тој се надева дека тоа ќе се случи до крајот на 2023-та година. Според одлуката на Европската централна банка, европската филијала на „Sberbank“ со седиште во Виена мораше да ја прекине работата во март поради санкциите против Русија по воената агресија врз Украина и последователниот пад на довербата во руските банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП