Утрово во РЕК Битола започнаа сервисно – ремонтни активности на Блок 1 со цел подобрување на неговата стабилност и доверливост во работата. Застојот во производството од овој блок предвидено е да трае во наредните 24 часа. Во меѓувреме, во функција останува Блок 2 на комбинатот, велат од компанијата.
Постројката ќе биде со целосен капацитет на мрежа во текот на утрешниот ден.

