27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстанаа уште неколку дена, фирмите имаат рок до 31 декември да исплатат...

Останаа уште неколку дена, фирмите имаат рок до 31 декември да исплатат К-15

На сметките треба да легнат по најмалку 12.740 денари.

К-15 се пресметува врз основа на просечната нето или бруто плата во изминатите три месеци (40% од износот).

За да добие регрес за годишен одмор работникот мора да бил ангажиран кај истиот работодавач најмалку шест месеци во текот на календарската година.

Дел од газдите си поигруваат со исплатата

Фирмите имаат рок до 31 декември за исплата на К-15, во спротивно може да заработат глоби до 4.000 евра.

И покрај сериозните глоби, дел од газдите си поигруваат со исплатата. Најчестата злоупотреба е префрлање на парите на трансакциска сметка, но со обврска работникот да ги му ги врати на газдата во кеш. Луѓето се плашат за своето работно место, па често без да се побунат го прават токму ова.

К-15 беше вратен пред осум години

Законската обврска за исплата на регрес за одмор беше укината во 2005-та и по девет години, со последните измени на Општиот колективен договор за приватниот сектор, повторно се воведе во 2014-та.

„Работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа, утврдени со закон и колективен договор и тоа: регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач… Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор“, стои во Општиот колективен договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП