21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПроизводителот на часовници „Breitling“ има нов главен акционер

Производителот на часовници „Breitling“ има нов главен акционер

Приватната компанија „Partners Group“ го зголемува својот удел во швајцарскиот производител на луксузни часовници „Breitling“ и станува мнозински акционер. Според соопштението, „Partners Group“ ги купи акциите од приватната компанија „CVC“, која во 2017-та година стана најголем акционер на „Breitling“.

Пред околу една година, „Partners Group“ се здоби со малцински удел во одамна воспоставениот производител на часовници. Компаниите не ги открија финансиските детали за договорот, но „Bloomber“ пред неколку дена објави дека „Partners Group Holding AG“ планира да го зголеми својот удел во „Breitling AG“ до мнозински удел во зделката што ќе го вреднува легендарниот швајцарски производител на часовници на повеќе од 4,2 милијарди швајцарски франци (4,5 милијарди долари).

Според агенцијата, швајцарската инвестициска група сакала да го зголеми својот удел на повеќе од 50 отсто од околу 23 отсто, а приватната компанија „CVC Capital Partners“ би го намалила својот мнозински удел на околу 20 отсто, а остатокот ќе оди на менаџмент и други приватни инвеститорите.

Според дополнителни информации, коосновачот на „Partners Group“ Алфред Гантнер ќе стане претседател на бордот на директори на „Breitling“.

Проценката поставена од „Breitling“ како дел од промената на сопственоста го истакнува драматичниот пресврт во развојот на брендот на часовници, оркестриран од извршниот директор Жорж Керн. Познат по своите хронографи „Navitimer“, „Breitling“ беше проценет на околу 800 милиони франци кога „CVC“ купи мнозински удел во 2017-та година и на околу 3 милијарди франци кога „Partners“ првпат инвестираше во 2021-ва година.

Плановите за стекнување на мнозински удел и потенцијално продавање на акциите на „Breitling“ на Швајцарската берза во 2027-ма година беа претходно пријавени од „Finews“, но немаше вреднување.

Основана во 1884 година од Леон Брејтлинг, компанијата ги зголемила приходите во 2021-ва година за 40% на околу 700 милиони франци, според проценките на „Morgan Stanley“. Продажбата се зголеми за уште 25% оваа година благодарение на популарноста на моделите „Navitimer“, „Chronomat“ и „Superocean“ на „Breitling“, објави „Bloomberg News“ во октомври.

Просечната продажна цена на „Breitling“ се зголеми бидејќи компанијата користи повеќе злато, скапоцени камења и метали, а меѓу амбасадорите на брендот се и холивудските ѕвезди Џон Траволта, Адам Драјвер и Шарлиз Терон.

Побарувачката за луксузни швајцарски часовници се зголеми за време на пандемијата, при што извозот достигна рекордни 22,3 милијарди франци во 2021-ва година. Индустријата е на пат за уште еден рекорд оваа година, при што САД ја престигна Кина како врвна дестинација за швајцарски часовници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП