Во духот на Новогодишните и Божиќните празници тимот на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Телеком Србија Групацијата, вчера го посети Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје и децата кои го посетуваат Заводот ги изненади со новогодишните подароци.
„Новогодишните и Божиќните празници се време за радости, убави моменти, време за да споделиме среќа и да подариме насмевки. И токму со таа мисија дел од тимот на МТЕЛ го посети Заводот. Задоволни сме што имавме можност да ги израдувавме децата и да им’ посакаме весели и безгрижни празници. Да направиме нешто повеќе сите заедно за повеќе детски насмевки, за радост и убави моменти за сите во Новата 2023 година“, велат од тимот на Мтел.


