3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„ITA“ оди на продажба, „Lufthansa“ најсериозен кандидат

„ITA“ оди на продажба, „Lufthansa“ најсериозен кандидат

Италијанската премиерка Џорџа Мелони официјално ја одобри продажбата на првичниот малцински удел во „ITA Airways“ во обид да се олесни целосната приватизација на државната авиокомпанија.

Нацрт-регулативата што ја виде „Reuters“ предвидува дека купувачката авиокомпанија мора да поседува мнозински удел во „ITA“ по завршувањето на процесот на приватизација, со што е јасно дека владата не сака средства за купување на авиокомпанијата.

На понудувачите им е дозволено да купат акции преку едно или повеќе зголемувања на капиталот. „Lufthansa“ е главен кандидат, велат изворите. Тие потсетуваат дека германската авиокомпанија најави дека сака малцински удел во италијанската авиокомпанија во блиска иднина.

„Lufthansa“ и „ITA“одбија да го коментираат потегот на владата, но главниот извршен директор на „ITA“ Фабио Лазерини во средата објави дека разговорите со германската компанија биле „многу кооперативни“.

Со цел да се забрза процесот на продажба, со уредбата беше отстранета обврската на Министерството за финансии веднаш да го продаде мнозинскиот удел во превозникот, како што беше утврдено на почетокот на годината од поранешната влада на Драги.

Во него се наведува и дека Министерството за финансии мора да има право на глас за сите нови акционери за време на процесот на продажба.

Приватизацијата на авиокомпанијата која официјално ја замени загубарот „Alitaliа“ во 2021-ва година се покажа како главоболка за италијанската каса. Според договорот со Европската унија, Италија до крајот на 2023-та година сепак би можела да внесе околу 250 милиони евра во ИТА.

Извори од индустријата проценуваат дека „ITA“, која лани забележа оперативна загуба од 170 милиони евра, вкупно вреди околу 500 милиони евра.

Периодот на ексклузивност во преговорите со американскиот приватен капитален фонд „Certares“, „Air France KLM“ и „Delta“ заврши во октомври без никаков договор, што предизвика повторно отворање на процесот.

„Lufthansa“ првично соработуваше со бродската групација „MSC“ во наддавањето за „ITA“, но групата објави во ноември дека повеќе не е заинтересирана за трансакцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП