4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВремето на евтини пари помина, позајмувањето ќе стане скапо

Времето на евтини пари помина, позајмувањето ќе стане скапо

Иако постојат и други инструменти на монетарната политика кои централните банки можат да ги користат за да одговорат на кризата, како што се задолжителните резерви, најефективната алатка е зголемувањето на каматната стапка.

Зголемувањето на референтните каматни стапки е логичен и очекуван одговор на централните банки, а само прашање е до каде ќе оди зголемувањето.

Зголемувањето на каматите ќе донесе одредени трошоци и проблеми, пред се во контекст на забавување на економската активност.

На прашањето дали постои можност дополнителното заострување на монетарната политика во однос на моменталната ситуација со конфликтот во Украина да доведе до дополнително забавување на економската активност, експертите велат дека постои најголема согласност меѓу економските аналитичари.

“Мнозинството аналитичари се согласуваат дека ќе има забавување на економската активност. Веќе гледаме како ФЕД успева да ја ограничи инфлацијата, дека има зголемување на невработеноста, па некои проценки се дека може да има постепено зголемување на невработеноста следната година. Сепак, не можеме ништо да знаеме додека не видиме што ќе се случи во геополитички контекст“, велат експертите.

Дали постои ризик од повторување на сценариото од 70-тите години на 20 век.

Тоа е сценарио кога не сме можеле да ја зауздаме инфлацијата, а економската активност е многу забавена и тонеме во рецесија, и од тоа треба најмногу да се плашиме и тоа е прилично реално сценарио.

Глобалната економија е поврзана и дека се што се случува на тоа ниво може да се очекува и во Македонија.

Ако имаме економско забавување, а сосема е сигурно дека тоа ќе се случи кога станува збор за германската економија и ЕУ, тешко ни е да избегнеме забавување на економските активности. Она на што можеме да сметаме е дека времето на евтините пари поминаа и задолжувањето во наредниот период ќе поскапи..

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП