Илон Маск изјави дека ќе се повлече од функцијата шеф на Твитер „штом најде некој доволно глупав за таа работа“. Тој додаде дека после тоа само ќе се погрижи за софтверот и серверските тимови.
Одговорот на Маск доаѓа по анкетата во која тој ги праша корисниците на социјалната мрежа дали сакаат тој да се повлече. Корисниците одлучија, 57,5 отсто од нив гласаа за заминување на Маск, а тој најави дека ќе постапи според резултатите од анкетата. Во истражувањето учествувале 17.502.391 корисници.

