26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали ви е скап „iPhone“? Епа овој на себе има „Rolex“, злато...

Дали ви е скап „iPhone“? Епа овој на себе има „Rolex“, злато и дијаманти (ФОТО/ВИДЕО)

Познатата руска компанија „Caviar“, која создава луксузни телефони во кои имплементира необични и ретки материјали, сега ни носи нов „iPhone“.

Новиот луксузен „iPhone“ црпи инспирација од тркачките автомобили од 1930-тите, па телефонот има брзинометар и индикатор за гориво и масло на него.

Бидејќи овие телефони се главно колекционерски предмети, само три луѓе во светот ќе можат да се пофалат дека поседуваат еден. Тие ќе треба да издвојат 134.000 долари за овие прилагодени модели на „iPhone“.

„Caviar“ ги создаде „iPhone 14 Pro“ и „Pro Max“, кои имаат вграден часовник „Rolex Daytona“. Се наоѓа на задната страна, каде што има и контролна табла инспирирана од тркачкиот автомобил „Campbell Blue Bird“ од 1930-тите.

На контролната табла има брзиномер, индикатор за гориво и масло, како и три дополнителни прекинувачи кои служат како украс и немаат дополнителни функции.

Часовникот „Rolex Daytona“, како и контролната табла, се изработени од осумнаесет каратно злато, а на нив има и 18 дијаманти. Задниот дел е создаден од титаниум, додека рамката е исто така златна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП