24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Sony“ ќе инвестира речиси 6 милијарди долари во нова фабрика за чипови

„Sony“ ќе инвестира речиси 6 милијарди долари во нова фабрика за чипови

Групацијата „Sony“ размислува за инвестиција од околу 800 милијарди јени (5,83 милијарди долари) за изградба на фабрика за производство на сензори за слика за паметни телефони во западна Јапонија, објави весникот „Nikkan Kogyo“, цитиран од „Reuters“.

Фабриката ќе биде лоцирана во префектурата Кумамото, а „Sony“ планира да ја отвори најрано во 2025-та година. Првиот медиум кој ја објави идејата беше деловниот дневен весник „Nikkei“, иако не ја спомна големината на конкретната инвестиција.

„Nikkei“ извести дека јапонскиот конгломерат за електроника и забава внимателно ќе размисли кога ќе се одвива изградбата и колкава е големината на инвестицијата поради загриженоста за глобалното економско забавување.

Портпаролот на одделот за чипови на „Sony“ одби да коментира за ова прашање.

Големите економии, вклучувајќи ги Соединетите држави и Јапонија, се борат да го поддржат сопственото производство на чипови откако пандемијата со Ковид-19 ги наруши глобалните синџири на снабдување.

„Taiwan Semiconductor Manufacturing Co.“ гради голема фабрика за чипови во Кумамото. „Sony“ и производителот на автоделови „Denso“ преземаат малцински удел во проектот вреден 8,6 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП