24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Saudi Aramco“ и „Total Energies“ ќе градат петрохемиски комплекс за 11 милијарди...

„Saudi Aramco“ и „Total Energies“ ќе градат петрохемиски комплекс за 11 милијарди долари

Саудиска нафтена компанија контролирана од владата на Саудиска Арабија, позната и како „Saudi Aramco“, и француската енергетска компанија „TotalEnergies“ ќе ги здружат силите за изградба на петрохемиски комплекс вреден 11 милијарди долари во Саудиска Арабија.

Двете компании ќе обезбедат околу 4 милијарди долари во форма на акционерски капитал – 62,5% од „Saudi Aramco“ и 37,5% од TotalEnergies, соодветно.

Изградбата на комплексот се очекува да започне во првиот квартал на 2023-та година, а пуштањето во употреба е закажано за 2027-ма година.

Проектот наречен „Адмирал“ ја интегрира постоечката рафинерија на заедничкото вложување на двете компании во Кралството – „Saudi Arabia Total Refining and Petrochemical“ (SATORP), која исто така ќе биде оператор на локацијата. Рафинеријата на „SATORP“ се наоѓа во Џубаил, на источниот брег на Кралството.

Новиот комплекс заедно со неговите соседни капацитети ќе обезбеди вработување за 7.000 луѓе.

Петрохемискиот капацитет ќе му овозможи на „SATORP“ да ги претвора отпадните гасови и нафтата од рафинеријата во производи со повисока додадена вредност.

Комплексот ќе обезбеди набавки на други петрохемиски и специјални хемиски фабрики во областа, привлекувајќи дополнителни 4 милијарди долари инвестиции.

„Овој проект дополнително ќе ја зајакне нашата долгорочна врска со „TotalEnergies“ и ни дава можност да го покажеме потенцијалот на најсовремените технологии за конверзија на течности во хемиски производи во служба на кружната економија“, рече Амин Насер, претседател и Извршниот директор на „Saudi Aramco“.

„Овој комплекс совршено се вклопува во нашата стратегија за одржлив раст во петрохемиската индустрија благодарение на оптимизацијата на синергиите во рамките на нашите основни платформи“, рече претседателот и извршен директор на „TotalEnergies“, Патрик Пујане.

Проектот, официјално објавен во април 2018 година, ќе отвори 7.000 директни и индиректни работни места на локално ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП