28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе поскапи ли струјата? ЕСМ и понуди на ЕВН 16% поскапа цена...

Ќе поскапи ли струјата? ЕСМ и понуди на ЕВН 16% поскапа цена за покривање на домаќинствата

Државната ЕСМ доставила повисока цена за покривање на струјата за домаќинствата, информираше ЕВН Хоме, од каде велат дека на тендерот за струја за периодот од јануари до јуни 2023 година, добиле само една понуда. 

Цената која ја добиле од ЕСМ е за 16 отсто повисока од актуелната, па сега Регулаторната комисија за енергетика треба да одлучи колку ќе поскапува струјата за домаќинствата, која веќе еднаш имаше поскапување.

„АД ЕСМ и понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 56 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Оваа цена е за околу 16% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јули-декември 2022), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 48 евра за мегаватчас“, велат од ЕВН Хоме.

Претходно, министерот за економија Крешник Бектеши најави дека преносот и дистрибуцијата на струја ќе поевтинат од Нова година, бидејќи граѓаните веќе половина година се жалат дека овој трошок во сметките често е повисок од трошокот за потрошена електрична енергија.

И додека се најавува намалувањето на трошоците за пренос и дистрибуција, Бектеши посочи и дека данокот за струја ќе се зголеми од 5 на 10 проценти, за што реагираше опозицијата, од каде сметаат дека се работи за погрешен чекор.

А.Т

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП