25 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Македонците се соучесници во уништувањето на мојата земја": Со 23 бомби низ...

„Македонците се соучесници во уништувањето на мојата земја”: Со 23 бомби низ Скопје заканувачот бара укинување санкции

„Македонците се соучесници во уништувањето на мојата земја. Затоа на денешниот ден се удруживме со нашите истомисленици и политичка партија за да ги минираме следните локации во Скопје и тоа со 8 бомби на Меѓународниот аеродром Скопје, 5 бомби во Националната арена „Тоше Проески“, една бомба во зградата на ФФМ, една бомба во ТЦ „Ист Гејт“, две бомби во хотел „Мериот“ и една бомба во хотел Сенигалиа, пишува во писмото кое утринава е испратено на електронската адреса на скопскиот аеродром, текст кој веќе и се споделува на социјалните мрежи.

Во дописот меѓу другото се вели дека бомбите се активираат и ќе експлодираат на „сеизмичен покрет“.

„Можеме ова да го правиме секој ден, го сакате ли ова? Бидејќи крајот не изгледа добро по вас и вашите деца, граѓани, луѓе. Или можете да решите конечно да ја направите вистинската одлука. Суспендирајте ги санкциите, е.ани гомна“, се вели во заканувачката порака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар