19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДојава за бомба на скопскиот аеродром, МВР врши проверка, летовите не се...

Дојава за бомба на скопскиот аеродром, МВР врши проверка, летовите не се откажани

„Меѓународниот Аеродром Скопје утрово преку електронска пошта прими закана за поставенa експлозивнa направa. Информацијата веднаш беше пријавена до Министерството за внатрешни работи, a истовремено целиот персонал и сите патници и/или минувачи кои беа затекнати на аеродромот беа безбедно евакуирани, додека единици на Министерството за внатрешни работи прават проверка на објектите на аеродромот. Летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен, сé додека не добиеме известување од МВР дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред.”, велат од ТАВ Македонија.

Деновиве цел на дојави за бомби се институции, основни и средни училишта, трговски центри и станбени објекти.

Само во текот на вчерашниот ден имаше 49 дојави за поставени бомби, меѓу кои и училишта во Кавадарци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП