6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако операторот со гас ќе добие законски потребен сертификат пред почетокот на...

Како операторот со гас ќе добие законски потребен сертификат пред почетокот на новата година

Министерот за економија, Крешник Бектеши, вчера објави дека акционерското друштво „Национални енергетски ресурси“ (НЕР) и ГА-МА, компанијата под чија надлежност е системот за пренос на гас, ќе станат едно претпријатие. Се очекува дека овој нов правен субјект ќе биде операторот со природен гас, нешто што мора да се направи врз основа на законот за енергетика од 2018 година. Според истиот закон, новоформираното претпријатие треба да обезбеди сертификат за дејноста, процес што може да трае и до седум месеци, а до новата година има уште одвај две недели.

Пред почетокот на словенечко-македонскиот форум за економска соработка Бектеши најави дека спојувањето на двете компании ќе донесе придобивки за земјата.

-Целиот систем на гасификација ќе биде во сопственост на граѓаните преку новата компанија. НЕР е за изградба на инфраструктура, ГА-МА е за пренос на природен гас. Сега тие ќе бидат една компанија што ќе биде многу поуспешна, профитабилна и секако дека ќе влијае на независноста на државата во снабдувањето со природен гас – истакна Бектеши.

Во целата оваа ситуација постојат повеќе нејаснотии, меѓу кои и таа дека правилата со природен гас ги носи операторот, нешто што моментно земјава го нема. Притоа, не е доволно само да се каже дека операторот ги носи правилата бидејќи за тие да станат практика, за нив мора да се обезбеди согласност од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Меѓу другото, потребно е да се спроведе јавен повик на којшто сите заинтересирани страни ќе споделат мислење за тоа што се предлага да стане правило на пазарот со природен гас. Досега, ваков повик не е направен.

Не може со сигурност да се каже дали навистина новата компанија ќе се наметне како значително пофункционален субејкт доколку се оценува според почетоците, а тие укажуваат дека се прават промени во последен момент без притоа да се обезбедат нужните документи според законите што се донесени од самата држава. Поради тоа, фирмите што работат на пазарот со природен гас на одвај две седмици пред најавеното либерализирање на пазарот биле известени дека ќе мора дури во Бугарија да го обезбедат кодот без кој не можат да увезуваат природен гас.

Имено, секој субјект што се занимава со увоз на овој енергенс сега ќе треба кодот да го земе од „Булгартранс гас“. Притоа, не е целосно сигурно дали и тоа ќе им овозможи нормално функционирање, затоа што за да издава кодови, бугарската компанија треба да има дозвола од европскиот систем ЕНЦО. Истото издавање кодови, пак, зависи од серификацијата на операторот во Македонија, за која што нема информација кога ќе се случи.

Сето ова укажува дека пазарот со природен гас во Македонија се наоѓа пред значителни промени кои што сериозно можат да го нарушат неговото функционирање. Притоа, истите се спроведуваат во последен момент, одвај две недели пред почетокот на новата година, кога Владата најави дека ќе се случи либерализацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП