2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗатворените фабрики и редуцираното производство ја турна во минус индустријата!

Затворените фабрики и редуцираното производство ја турна во минус индустријата!

Ударот на енергетската криза врз работата на големите индустриски капацитети веќе се преслика и врз официјалните податоци кои ја мерат активноста на компаниите. Неколку месеци по ред паѓа индустриското производство токму поради затворањето на дел од металуршките фабрики или поради работењето на овие капацитети само кога ќе се набави поевтина струја. Во спротивно стопаствениците тврдат дека им е поисплатливо да не работат од колку да произведуваат неконкурентни производи. Поради ова трпи и извозната компонента. Бизнисот апелира дека се потребни активности за извозно ориентираните компании се со цел забрзување на економскиот раст на државата.

Причина за неколку месечното намелено индустриско производство е неработењето на рудниците во изминатиов период, велат од Организацијата на работодавачи. Од ова бизнис здружение за Денар велат дека неработењето на Фени индустри поради високите цени на електричната енергија си го стори своето.

„Особенио е важно да се напомене дека Организацијата на работодавачи спроведе едно истражување помеѓу своите членки во кое се констатира дека 55 отсто од компаниите ја чувствуваат како сериозна ставка цената на електричната енергија и дел од нив размислуваат да го намалат дополнително своето производство па дури и да ги прекинат процесите на работа. Затоа сметаме дека многу е важно во овој период компаниите кои го генерираат намалувањето на индустриското производство, бидејќи тоа може да им се одрази во следниот период и на останатите компании кои се чинители во работењето на овие големи компании“, велат од Организацијата на работодавачи.

Од Стопанската комора пак сметаат дека потребно е да се идентификуваат можности за поголем раст на производите кои се наменети за извоз. Потребно според бизнисмените е да се пронајдат начини за проширување на извозната активност преку освојување на нови пазари.

„Потребно е идентификување на можности за извозна диверфизикација преку мапирање на нови производи кои земјата не ги извезува, но за кои има потенцијални компаративни предности и реални економски претпоставки да отпочне да ги произведува и извезува на регионалните и глобалните пазари. Еден од главните приоритети во делувањето на Стопанската комора е да креира активности во насока на подигнување на извозната конкурентност на компаниите, бидејќи само преку зголемување на извозот може да се размислува за економски раст и развој на една економија“, Велат од стопанската комора.

Владата обезбеди електрична енергија за прехранбениот сектор, но наместо илјада компании колку што се најавуваше дека ќе ја користат таа електрична енергија се пријавија нешто повеќе од 200 фирми. За големите компании власта остана на став дека нема помош со образложение дека тие имаат доволно средства сами да си купат од слободниот пазар. Пред неколку месеци дел од големите индустриски капацитети затворија или ги намалија производството. Државниот завод за статистика регистрираше намалување на индустриското производство во последните неколку месеци во однос на истиот период лани.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП