17 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМаск повторно продаваше акции на Тесла

Маск повторно продаваше акции на Тесла

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, продаде втора серија од своите акции во компанијата за електрични автомобили – во вредност од 3,6 милијарди долари.

За само три дена, Илон Маск продаде околу 22 милиони повеќе акции во Тесла, се вели во извештајот на Комисијата за хартии од вредност, пренесува CNN.

Трансакциите се реализираа помеѓу понеделник и среда оваа недела.

Ова е втора голема продажба на акции на Маск во Тесла откако го купи Твитер во октомври.

Така, на почетокот на ноември објави дека продал акции на Тесла во вредност од речиси четири милијарди долари, за светските медиуми по само неколку дена да објават дека вкупната вредност на продадените акции во тој период била малку повеќе од пет милијарди долари.

Претходно, по првичната продажба на акции од 8,5 милијарди долари во април, тој рече дека не планира понатаму да го продава својот удел во Тесла.

Затоа по последната продажба, инвеститорите се загрижени, бидејќи вредноста на акциите на најпознатата светска компанија за производство на електрични автомобили падна на најниско ниво во последните две години, пренесува Ројтерс.

Инвеститорите исто така стравуваат дека најбогатиот човек на светот би можел целосно да ги префрли своите ресурси од Тесла на Твитер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП