22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на „Inditex“ скокна за речиси една четвртина по зголемувањето на цените

Профитот на „Inditex“ скокна за речиси една четвртина по зголемувањето на цените

Сопственикот на „Zara“ – „Inditex“, забележа пораст на нето добивката од 24 отсто за првите девет месеци од својата фискална година, бидејќи зголемувањето на цените помогна да се компензира слабеењето на глобалната побарувачка за облека.

Продажбата преку интернет и преку физичките продавници на најголемиот светски моден трговец на мало се зголеми за 19% на годишно ниво, малку над очекувањата на аналитичарите. Зголемувањето на цените од 5 проценти или повеќе на некои производи од раната пролет ја поддржа продажбата, велат аналитичарите.

Нето добивката за компанијата, чии брендови ги вклучуваат и „Massimo Dutti“ и „Bershka“, се зголеми на 3,1 милијарди евра од 2,5 милијарди евра една година порано.

Акциите на „Inditex“ поскапеа за 2% во утринското тргување.

Компанијата ги надмина некои ривали откако Марта Ортега, ќерка на основачот и сопственик Амансио Ортега, ја презеде функцијата неизвршен претседател во април.

„Извонредните продажни перформанси може да го одразуваат квалитетот на дизајнот на производите и понудите, како и попривлечните цени во споредба со конкурентите, бидејќи зголемувањата на цените се очигледно помали отколку на поширокиот пазар“, рече аналитичарот на „Deutsche Bank“, Адам Кокрајн.

„Inditex“ неодамна нуди повеќе облека за „висока мода“ на „Zara“ дизајнирана за специјални прилики. Пристапот и овозможи да продава поскапи производи и да привлече потрошувачи од луксузниот сегмент на пазарот, велат аналитичарите.

Во конференциска врска со аналитичарите, извршниот директор на „Inditex“, Гарсија Макеирас, ги истакна силните перформанси во САД и рече дека компанијата е уверена во нејзините перспективи во Кина на среден и долг рок.

Продажбата се зголеми за 11% во третиот квартал, со побавно темпо од претходните месеци, како одраз на слабеењето на потрошувачкото опкружување. Продажбата за вториот квартал е зголемена за 16% на годишно ниво.

Модниот гигант соопшти дека неговата продажба помеѓу почетокот на ноември и 8-ми декември била зголемена за 12% на годишно ниво. Продажбата остана позитивна во сите географски области, додаде компанијата.

Аналитичарите очекуваат дека „Inditex“ ќе мора да се справи со повеќе зголемувања на трошоците во наредните месеци, вклучувајќи го и притисокот од вработените за повисоки плати.

Околу 1.000 продажни консултанти кои работат во „Zara“ и нејзините други модни брендови излегоа на штрајк на „црниот петок“ во Ла Коруња, родниот град на компанијата во северна Шпанија, за да побараат подобри плати, додека други протестираа претходно во Мадрид.

Работниците планираат повторно да штрајкуваат на денот пред Божиќ и на почетокот на јануари, откако го одбија покачувањето понудено од „Inditex“ до 2024-та година. Два големи локални синдикати се согласија за новата понуда за плата.

„Inditex“ соопшти дека привремено ја забрзал испораката на залихи за да избегне проблеми со синџирот на снабдување, и тие во моментов се зголемени за 15% на годишно ниво. Компанијата очекува нејзините онлајн набавки да бидат 30% од вкупната продажба до 2024-та година.

„Компанијата, исто така, ќе ја прошири својата платформа за поправка, препродажба и донација на облека со брендот „Zara“, лансирана во Британија во ноември, на други големи пазари следната година“, рече Макеирас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП