3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВредносни подарок ваучери од dm!

Вредносни подарок ваучери од dm!

Подарок кој никој не би сакал да го замени. Брзо и лесно до совршен празничен подарок!

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, на секој од нас му е потребна мала инспирација да го одбере совршениот подарок за своите најблиски. Во дрогериите на dm можете да пронајдете голем избор на подароци и производи соодветни за предновогодишното дарување, како и многу инспирации за подароци кои ќе донесат насмевка на лицата на Вашите најблиски.

Подарок ваучерите од dm се едноставен и брз начин да дојдете до соодветен подарок, независно дали станува збор за потесниот круг од семејството, пријатели, колеги или соработници.

Овој тип подарок е сè попопуларен во светот, пред сè поради практичноста, односно поради можноста сопственикот на подарок ваучерот самостојно да ја посети продавницата, каде може да го искористи и сам да го одбере производот што сака да го има. Можноста ваучерот да се набави во два различни дизајни и две различни вредности, го прави идеален подарок за секоја пригода.

Вредносните подарок ваучери од dm, кои се достапни во износ од 350, 500 и 1.000 денари, може да ги пронајдете во сите dm дрогерии во Скопје, Тетово, Велес, Штип, Куманово, Битола, Струмица, Гостивар, Охрид и Струга.

Што всушност претставува dm подарок ваучерот?

Ваучерот, достапен во износ од 350, 500 и 1.000 денари, всушност е картичка што можете да ја купите од која било dm дрогерија.

Личноста која го поседува овој подарок ваучер може да посети која било dm дрогерија и да набави производи во вредност на добиениот подарок ваучер, односно да ги плати со ваучерот, на ист начин како да плаќа во готовина.

Подарок ваучерите од dm се совршен избор и за компании кои сакаат на своите вработени да им ги честитаат новогодишните и божиќните празници со мал, но елегантен и практичен подарок, за има и опција за плаќање на фактура.

Како се користат подарок-ваучерите од dm?

⦁ Вредноста на ваучерот заменува готовина во истиот износ;
⦁ Сопственикот на ваучерот може да го искористи за набавка на омилените производи во сите dm дрогерии;
⦁ Ваучерот се користи во целост, еднократно;
⦁ Не се врши готовинска исплата или исплата на разликата од вредноста на производите и вредноста на ваучерот;
⦁ Ако вредноста на производите е поголема од вредноста на ваучерот, може да се доплати;
⦁ Цената на ваучерот е трајна и не подлежи на акциските промоции;
⦁ Рокот на важење на ваучерот е траен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП