2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАНови дојави за бомби во 15 скопски училишта, полицијата е на терен

Нови дојави за бомби во 15 скопски училишта, полицијата е на терен

Неколку скопски средни училишта и утрово добија дојави за поставени бомби на електронските адреси. Прекинат бил првиот час, а професорите побарале учениците да излезат надвор и да почекаат да завршат проверките.

Онаму каде што единицата за антитероизам поминала, учениците веќе се враќаат на наставата.

Првпат меѓу школите кои добија закана за бомби денес првпат е и гимназијата „Георги Димитров“ во Тафталиџе.

„ Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопшти МВР.

Премиерот Димитар Ковачевски на вчерашната прес-конференција изјави дека е скоро невозможно да се детектира од каде доаѓаат дојавите за бомби.

Тој појасни дека голем дел од дојавите се прават преку т.н. ВПН врски хостирани во странство.

Скопските средни училишта дојави за бомби почнаа да добиваат во октомври. Во меѓувреме лажни дојави за експлозивни направи имаше и за Народната банка, Ист Гејт, ТЦ Бисер, ГТЦ, Железничката станица, кулите Џевахир, Министерството за надворешни работи, Флатирон и други објекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП