15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИлон Маск не е најбогат во светот, го престигна францускиот луксуз

Илон Маск не е најбогат во светот, го престигна францускиот луксуз

Во вторникот Илон Маск ја загуби титулата за најбогат човек на светот, која ја презеде Бернар Арно, претседател и извршен директор на француската модна куќа Луј Витон Моите Хенеси (LVMH).

Арно (73) се најде на врвот на листата на милијардери на Форбс со нето богатство од 191,2 милијарди долари, додека Маск е на второто место со 185,1 милијарди долари.

Маск, 51-годишниот извршен директор на Tesla, SpaceX и Twitter, го држи првото место од септември 2021 година кога неговото богатство го надмина основачот и поранешен извршен директор на Amazon, Џеф Безос.

Падот на вредноста на богатството на Маск, главно поврзано со акциите на Tesla, доаѓа еден ден откако цената на акцијата на Tesla падна за 6,3 отсто.

Маск поседува околу 14 отсто од Tesla и повеќе од 40 отсто од SpaceX, додека Арно поседува околу 60 отсто од LVMH.

Пазарната вредност на Тесла во вторникот беше околу 520 милијарди долари, а на LVMH повеќе од 370 милијарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП