2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗContinental лансира нечујни гуми

Continental лансира нечујни гуми

gumii

Германскиот производител на гуми, „Continental AG“, ја претстави новата технологија која значително го намалува нивото на бучава во кабината и со тоа ја зголемува удобноста при возењето.

За време на тестирање на автомобил меѓу критериумите кои ја истакнуваат удобноста при возењето се наоѓа и ставката за „нивото на бучава“. Бучавата во кабината доаѓа од повеќе фактори, како што се звукот на моторот, струењето на воздухот или тркалањето на гумите.

Во „Continental“ одлучија малку посериозно да се позанимаваат со овој проблем, па така развија нова иновативна технологија која е наречена „ContiSilent“. Станува збор за тенок слој на специјална пена која може да ги пригуши звучните бранови кои настануваат при тркалањето на гумите. Бучавата која пристигнува до кабината на тој начин ќе биде намалена за дури девет децибели.

Технологијата „ContiSilent“ нема да влијае на останатите перформанси, а што е најважно нема да влијае на безбедноста.

Специјалната гума во почетокот сериски ќе се монтира на спортските модели на Ауди, „RS6“, „RS7 Sportback“, како и на „A8“.

Компонентите на „ContiSilent“ се дизанирани да се најдат и на стандардните сериски гуми, но дури подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП