Еко свесноста е еден од главните принципи во работењето на ИутеКредит Македонија. Постојаното залагање за развој на финансиски услуги кои ќе остават што помал белег на природните ресурси се пресликува и во користење на производи кои се во синергија со оваа мисија на компанијата.
Новата ИутеКредит Mastercard картичка е целосен новитет на македонскиот пазар, бидејќи е направена од специјален биоразградлив материјал наречен PLА (polylactic acid). PLA материјалот се добива со преработка на пченкарен скроб во PLA смола, од која подоцна се прават различни производи меѓу кои и платежни картички. PLA картичките се изработуваат од пченка која се одгледува во Небраска (САД), која е различна од пченката за исхрана така што изворите на храна не се загрозени. Само 0.02% од глобалната површина за земјоделство се користи за производство на биопластика.

