26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Hertz“ ги обвини клиентите, но сега ќе плати отштета од 168 милиони...

„Hertz“ ги обвини клиентите, но сега ќе плати отштета од 168 милиони долари

Една од најголемите компании за изнајмување автомобили во светот, американската „Hertz“, ќе плати отштета од 168 милиони долари поради лажни обвинувања против своите клиенти. Компанијата се согласи на вонсудски спогодби во 364 случаи. Ова е 95% од побарувањата против компанијата.

Сите тужби беа поднесени од клиенти кои беа неправедно обвинети од гигантот за изнајмување автомобили дека им ги украле автомобилите. Во многу случаи, тие беа уапсени и поминаа време во притвор без никаква причина.

Најчесто луѓето биле запирани на гранични контроли. Тогаш системот информирал за приговорот на „Hertz“ и наместо да го пуштат човекот преку граничниот премин, полицајците го привеле. Во огромен процент од случаите се покажало дека имало грешка, луѓето платиле и го вратиле изнајмениот автомобил одамна. Но, имаше и сосема апсурдни, неправедно обвинети без никогаш да изнајмат автомобил, а камоли да го украдат.

Еден од нив е на Дру Сајзер, проценител на недвижен имот, кој дознал дека имало налог за негово апсење во државата Џорџија при проверка на аеродромот. Човекот кој живее во Колорадо тврди дека никогаш во животот не стапнал во Џорџија и нема шанси таму да извршил злосторство. Но, тој беше уапсен 24 часа и беше ослободен дури по интервенција на неговиот адвокат.

„Ми вперија пиштоли, ме фрлија на земја, ме уапсија. Бев во притвор цела недела“, изјави Пол-Ентони Најт, исто така обвинет од „Hertz“ за кражба на автомобил. Третата жртва на слична грешка тврди дека бил затворен на шест месеци по лажна тревога.

Компанијата во февруари коментираше дека во повеќето вакви случаи станува збор за клиенти кои не го вратиле изнајменото возило и ја прекинале секоја комуникација со нив. Два месеци подоцна, сепак, новиот извршен директор Стивен Шер зазеде поинаков тон по ова прашање – дека не е прифатливо да има дури и еден клиент вклучен во таква приказна. Тој изјави дека ова е еден од првите проблеми со кои се занимавал по неговото иницирање.

Лажните аларми се повлечени, уверува и тој. А сепак има невини луѓе кои настрадале.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП