2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПовеќето луѓе тоа го прават несвесно додека возат, а со тоа го...

Повеќето луѓе тоа го прават несвесно додека возат, а со тоа го уништуваат автомобилот

Секогаш кога менувате брзини, менувачот контактира со ротирачките делови за да ја изберете брзината. Кога стојат, или додека возат, повеќето луѓе имаат навика „да ја потпираат раката“ на менувачот.

За автомобилот ни е важно да е доверлива машина која ќе не однесе до целта, но освен за време на сервисот, многу малку внимаваме посветуваме на неговото зачувување. На пример, кога менуваме брзини, повеќето луѓе не размислуваат за тоа што се случува во рачниот менувач.

Но, секогаш кога менувате брзини, вилушката за менување во внатрешноста на менувачот контактира со ротирачките делови за да ја изберете брзината. Кога стоиме, или додека возиме помеѓу менувањето брзини, повеќето луѓе имаат навика „да ја потпираат раката“ на менувачот.

Тргнете ја раката од менувачот!

Ергономски е менувачот на најдоброто место и за многу луѓе е идеално место за одмор на раката, но тоа во никој случај не е добра работа, советуваат експертите на Rac.

Имено, вака вилушката на менувачот дополнително ја притиска спојката на менувачот. Оваа сила може да го оштети преносот, затоа избегнувајте ја оваа навика. Затоа, не држете ја раката на менувачот, туку посегнувајте по него само кога менувате брзини.

Дополнително, уште една лоша навика е да го оставите автомобилот во брзина додека стоите и да ги држите притиснати куплунгот и педалата на сопирачката. Исто така, му штети на автомобилот бидејќи пружината во спојката не е дизајнирана да издржи таква сила долго време и може да се истроши многу порано, односно да се скрши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП