6 мај, 2024

Rent a Hacker

hidden-lynx-640x475

Групата наречена „Hidden Lynx“ не се бори за повеќе цели, ниту е во служба на одредени власти или идеологија. Тие влегуваат во скоро било кој комјутерски систем во светот, само поради пари.

Доколку може да му се верува на „Symantec“, дури и кинеските воени хакерски одреди се помалку опасни од групата на „платеници“ која делува од најнаселената земја во светот. Експертите за компјутерска безбедност ги нарекуваат напредна и трајна закана за инфорамционите системи.

„Hidden Lynx“ засега е единствената група според нивото на организираност, способност и софистицираност. Делуваат веќе четири години и имаат помеѓу 50 и 100 оперативци кои се способни да ги пробијат и најдобро чуваните компјутерски системи во светот.

Се уште не е познато дали групата „Hidden Lynx“ е поврзана со кинеската влада или не. Меѓутоа се чини дека се подготвени да ја завршат работата за секој кој е подготвен тоа да го плати.

Нив ги поврзуваат со операцијта Аурора, сајбер нападот кој започна во 2009-та година против „Google“ и другите компании. А минатата година ја нападнаа и „Bit9“, компанијата за компјутерска сигурност која нуди напредни решенија за заштита на корпорациите и државните организации.

Тие исто така крадат и податоци од онлајн играчите, кои подоцна ги продаваат на црниот пазар, а без размислување тоа може да го сторат и врз финансиски установи, маркетинг агенции и енергетскиот сектор. Повеќе од нивните цели се наоѓаат во САД, а додека од преостанатите поголемиот дел се во Тајван и Кина.

Сами пишуваат „malware“ и осмислуваат стратегии. Прилично добро им оди откривањето и искористувањето на досега непознатите сигурноси пропусти во апликациите. Иновативни се и напредни, што укажува дека станува збор за група која е многу вешта, добро воиграна и има повеќегодишно искуство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП