25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААПСЕЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЕП ЈА ПОТРЕСЕ ЕВРОПСКАТА УНИЈА! Следуваат интересни денови

АПСЕЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЕП ЈА ПОТРЕСЕ ЕВРОПСКАТА УНИЈА! Следуваат интересни денови

Пратеничката Ева Каили од групата социјалисти и демократи е доведена на сослушување во рамките на истрагата за корупција во таа институција, поврзана со земја во Персискиот залив. Како што пренесуваат медиумите, станува збор за Катар.

Каили, поранешна грчка телевизиска водителка и членка на Европскиот парламент од 2014 година, е мета на истражителите, а нејзиниот дом беше претресен во петокот доцна попладне. Таа е една од 14-те потпретседатели на Европскиот парламент.

Според белгиските медиуми, меѓу уапсените е и генералниот секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) Лука Висентини.

Апсењето дојде за време на истрагата за тоа дали Катар користел нелегални средства за лобирање во ЕУ. Според весникот „Политико“, скандалот се заканува да предизвика голема криза во ЕУ.

Во петокот полицијата претресла 16 куќи во Брисел и уапсила четири лица. Запленети се 600.000 евра готовина, мобилни телефони и компјутерска опрема. Обвинителството осомничените за корупција и перење пари ги нарече криминална организација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП