28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple преместува дел од своето производство од Кина во Индија и Виетнам

Apple преместува дел од своето производство од Кина во Индија и Виетнам

Американскиот гигант за паметни телефони Apple планира да префрли дел од своето производство од Кина во други земји од Југоисточна Азија, како што се Индија и Виетнам, објави Wall Street Journal. Аналитичарите сметаат дека тоа е значителен пресврт во напорите да се намали улогата на Кина во глобалниот синџир на снабдување, бидејќи производителите предупредија на ризикот од концентрирање на производството во земјата.

Кинеската стратегија за нулта толеранција на коронавирусот, кој парализираше некои синџири на снабдување и ја оштети деловната клима во земјата, може да биде главниот мотив зад одлуката на Apple, според експертите.

Бизнисмените гледаат дека Индија има потенцијал да се натпреварува со Кина и да стане „следната фабрика во светот“, истакнувајќи дека трошоците за работна сила во Индија се значително пониски отколку во Кина.

Кога ќе се земе предвид кражбата на интелектуална сопственост, односно технологија, сајбер напади врз компании во Кина, ограничувања кои кинеската влада ги применува на протокот на податоци, сето тоа ја прави Кина помалку атрактивна средина за странските производители.

Волстрит журнал истакнува дека долгорочната цел на Apple е да испорача 40 до 45 отсто од своите телефони од Индија, додека во таа земја моментално се произведуваат помалку од 10 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП