19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Google“, „Oracle“, „Amazon“ и „Microsoft“ склучија огромен договор со Пентагон

„Google“, „Oracle“, „Amazon“ и „Microsoft“ склучија огромен договор со Пентагон

Пентагон соопшти дека „Google“, „Oracle“, „Amazon“ и „Microsoft“ добиле договор со него за обезбедување облак услуги, чија вредност до 2028-ма година би можела да достигне 9 милијарди долари, пишува „CNBC“.

Резултатот од напорите на „Joint Warfighting Cloud Capability“, или „JWCC“, се совпаѓа со напорите на Министерството за одбрана на САД да се потпре на повеќе даватели на инфраструктурна технологија управувана од далечина наместо да се потпира само на една компанија, стратегија промовирана за време на администрацијата на Трамп.

Портпаролот на Министерството за одбрана напиша во е-пошта до „CNBC“ дека „JWCC“ вклучува „нарачка составена од четири договори кои имаат вкупна вредност од 9 милијарди долари“.

Сѐ поголем број компании исто така бараат да се потпрат на повеќе од еден облачен провајдер. Во некои случаи, тие се потпираат на специјализираните способности на еден и насочуваат дел од операциите на друг. Имањето повеќе од еден облак може да ги направи организациите посигурни дека можат да издржат прекини на услугите.

Пентагон првично му ја додели „Joint Enterprise Defense Infrastrucure“, или „JEDI“, на „Microsoft“ во 2019-та година. Следеше правна битка бидејќи „Amazon“, водечки играч на пазарот на облак инфраструктура, ја оспори одлуката на Пентагон. „Oracle“ исто така се спротивстави.

Во 2020-та година, надзорниот орган на Пентагон спроведе преглед и пресуди дека нема докази кои потврдуваат дека администрацијата на Трамп се мешала во процесот на доделување договор. Неколку месеци подоцна, властите објавија дека ќе се придржуваат до договорот на „Microsoft“ за „JEDI“.

Минатата година, Пентагон го промени својот пристап, барајќи понуди од „Amazon“, „Google“, „Microsoft“ и „Oracle“ за да одговори на потребите за облак на одделот. Но, Администрацијата за општи услуги тогаш рече дека само „Amazon“ и „Microsoft“ се чини дека можат да ги исполнат барањата на Пентагон.

Новиот избор е исклучително добра вест, особено за „Oracle“, која аналитичарите не ја гледаат како една од водечките компании во облак компјутерските услуги. „Oracle“ генерира 900 милиони долари приход од облак инфраструктурата во третиот квартал кој заврши на 31-ви август. Износот е само мал дел од 20,5 милијарди долари со кои се пофали бизнисот за облак на „Amazon“, „Amazon Web Services“, во третиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП