„Chrome“ ја објави најновата верзија на својот веб-прелистувач за десктоп платформи и доаѓа со некои интересни подобрувања.
Новите измени се поврзани со подобрувања во перформансите, вклучително и намалување на потрошувачката на меморија до 30 проценти и подолго траење на батеријата кога батеријата се ближи до крајот на нејзината употреба.
Споменатите функции се нарекуваат „Memory Saver“ и „Energy Saver“, а доаѓаат до „Windows“, „macOS“ и „ChromeOS“ верзиите на прелистувачот „Chrome“.
Кога станува збор за „Memory Saver“, оваа функција заштедува меморија така што ја ослободува од неискористените картички и ги насочува кон поинтензивно користените апликации (игри, видео и друго).
„Energy Saver“ заштедува батерија кога ќе достигне 20 проценти со ограничување на активноста во заднина и оптимизирање на страниците со визуелни ефекти.
Корисниците ќе имаат опција да ги вклучат или исклучат „Memory Saver“ и „Energy Saver“ во секое време, а тоа ќе биде можно за секоја поединечна веб-страница.