2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБРАКО во само два дена испорача 14 возила за одржување на хигиена

БРАКО во само два дена испорача 14 возила за одржување на хигиена

За само два дена стручните лица во БРАКО подготвија и испорачаа вкупно 14 возила, од кои по 6 во Обединетото Кралство и САД и по едно во Полска и Хрватска.

Клиентите во Англија, во Калифорнија во САД и во двете други европски држави го збогатија и обновија возниот парк за одржување хигиена на надворешни површини со најпродаваниот електричен модел GM 500 ze и надградената верзија на GM 636 Stage V, која што претставува нова генерација на возила, со потполно нови филтри за намалени издувни гасови. Во пратките се најдоа и неколку возила од моделите GM400ze i GM424TR. GM400 од оваа година е достапно во целосна електрична верзија и e одлично осмислено и опремено возило со рачно управување кое со сите свои позитивни перформанси го освојува пазарот, додека моделот GM 424 TR е едно од најопремените возила дизајнирано за работа во секакви временски услови.

Благодарејќи на професионалноста, ангажираноста и посветеноста на инжинерско-техничарскиот кадар, БРАКО продолжува со континуитетот на производството на високо квалитетните урбани возила за одржување на хигиена и продолжува со испораки на возилата кон клиентите во целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП