2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИспијте некој од овие напитоци наутро и цел ден ќе бидете полни...

Испијте некој од овие напитоци наутро и цел ден ќе бидете полни со енергија

За подготовка на здрав и освежителен напиток може да се користи речиси секое овошје и зеленчук. Фрпето од млеко и овошје, наместо шеќер, ќе го заслади вкусната банана…

Доматот, краставиците, пиперката или ротквицата одлично ќе се согласуваат со јогуртот, кефирот и зачинските билки. Егзотичните сокови се идеални за појадок, бидејќи на организмот му даваат енергија и виталност и претставуваат брз и сигурен пат до саканата виткост.

Напиток од краставица и киви

Состојки:

– 200 гр краставица

– големо киви

– 2-3 гранчиња естрагон

– сок од три портокали

– лажица лимонов сок

– лажица мед

– сол

Подготовка:

Излупете и исецкајте краставица и киви. Ставете ги во миксер, додадете го сецканиот естрагон, половина количина сок од портокали и лимонов сок. Кратко измиксајте. Додадете го остатокот од сокот од портокал, зачинете со мед и сол, па повторно кратко измешајте.

Јогурт со домати и босилек

Состојки:

– 2 зрели домати

– 8 листови босилек

– 1-2 лажици балзамико оцет

– 300 гр јогурт

– сол

– бибер

– ворчестер сос

Подготовка:

Во миксер ставете ги крупно исецканите домати. Додадете шест листови босилек исецкан на лентички, оцет и пола јогурт, па се добро измешајте. Додадете ја преостанатата половина од јогуртот, солта, биберот и ворчестер, па уште еднаш кратко измешајте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП