16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНови тужби на поранешни вработени на Твитер против Илон Маск

Нови тужби на поранешни вработени на Твитер против Илон Маск

Две жени кои останаа без работа на Твитер кога милијардерот Илон Маск ја презеде сопственоста на социјалната мрежа, денеска ја тужеа компанијата пред федералниот суд, тврдејќи дека минатомесечните ненадејни масовни отпуштања непропорционално ги изложиле на ризик работничките.

Поранешните вработени во Твитер, Каролина Бернал Стрифлинг и Вила Врен Туркал, тужбата ја поднеле во нивно име и други вработени жени во слична ситуација, а во тужбата наведуваат дека на 4 ноември 57 отсто од жените биле отпуштени наспроти 47 отсто од мажите.

„Јазот е уште поголем за жените на инженерските работни места со 63% отпуштени, во споредба со 48% од мажите на инженерски позиции“, рече адвокатката за работнички права Шенон Лис-Риордан.

Како што јави АП, таа рече дека Маск претходно дал „низа јавно дискриминаторски забелешки за жените и со тоа дополнително потврдил дека поголемото влијание на масовните отпуштања врз работничките жени е резултат на дискриминација“.

Тужбата за дискриминација е последната во серијата тужби поднесени по масовните отпуштања на Твитер, објави АП.

Неколку дена откако Маск го купи Твитер во април оваа година, започнаа масовните отпуштања и продолжија во текот на ноември, кога инженерите кои јавно го критикуваа Маск беа отпуштени, додека на останатите вработени им беше понудено да дадат отказ со тримесечна отпремнина или да потпишат да се согласат со „исклучително напорна работа“ и поддршка за компанијата во нова насока, по што десетици инженери ги загубија своите работни места, според АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП