18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдните се нудат да помогнат, другите да бидат носители на ветингот -...

Едните се нудат да помогнат, другите да бидат носители на ветингот – како владејачките партии ја дочекаа веста за тимот од САД кој ќе ги чешла корумпираните функционери

Отворена борба со корумпираните актери во Македонија – ова беше пораката на амбасадорката на САД, Анџела Агелер. Ја објави на Твитер, каде посочи и дека тимот за санкции од Вашингтон веќе е во земјава, без да даде дополнително објаснување, кога и каде ќе работи овој тим. 

Институциите се најдоа во небрано – Министерството за правда првично одби да коментира, а владата преку срамежливи изјави го поздрави доаѓањето на американскиот тим за санкции. Но, потоа, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој е на чело на министерството веќе пет ипол години, а истата фунцкија претходно ја вршеше и како технички министер во 2015 и 2016 година, сега вели дека ги става тимовите на МВР на располагање на американците кои ќе ги чешлаат корумпираните – истите тимови поради чии ниски резултати САД одлучи да го донесе тимот за санкции.

„Мора час поскоро секој од нас да направи максимум со совето делување, да се стави крајот на криминалот и на корупцијата во државата од секој можен аспект, односно да се створи систем кој ефикасно и брзо ќе одговори“, рече министерот Спасовски.

ДУИ пак – партијата која е на власт повеќе од 18 години, со две македонски политички партии, себеси се најавува како носител на ветингот во Македонија – истиот ветинг кој повеќе од пет години го најавуваат со СДСМ, како владејачки партии. Министерот Бујар Османи, кој во една од владите на Никола Груевски беше министер за здравство повеќе од две години, а во владите на СДСМ (Зоран Заев, потоа Димитар Ковачевски), пред да биде шеф на дипломатијата беше и вицепремиер за европски прашања, вели дека во државата корупцијата ја има на сите нивоа, а не само кај институциите.

„Корупцијата во Македонија не е само во политиката туку во секој општествен сектор. Секаде каде што граѓаните се јавуваат на шалтер и бараат услуга од државата, има елементи на корупција. И ништо не сме направиле ако имаме селективен пристап во овој дел. Сеопфатен пристап од портир на врата до највисок функционер во државата“, вели Османи.

Воодушевени од доаѓањето на тимот за санкции се и од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, иако тимот освен актуелни, ќе чешла и поранешни функционери. Целта на овој тим е во правосудството во Македонија конечно да се покаже дека никој не е над законот.

А.Т

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП