1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Turkish Airlines“ ја престигна „Lufthansa“ по пазарна капитализација

„Turkish Airlines“ ја престигна „Lufthansa“ по пазарна капитализација

„Turkish Airlines“ ја престигна „Lufthansa“ по пазарна капитализација. Зголемувањето на акциите на турскиот авиопревозник оваа година ја стави компанијата на врвот, пред германскиот државен превозник, неколку дена откако нејзиниот менаџмент соопшти дека очекува заработката да продолжи.

Акциите на „Turkish Airlines“ (THY) пораснаа за повеќе од 592 отсто оваа година, што ја зголеми пазарната вредност на авиопревозникот на 191,4 милијарди турски лири (10,26 милијарди долари), додека на „Lufthansa“ изнесува 9,28 милијарди евра (9,73 милијарди долари).

Акциите на „Turkish Airlines“ достигнаа 138,6 турски лири на почетокот на неделата, од околу 20 лири на почетокот на годината.

Поскапеа и акциите на „Lufthansa“ – за 25,7% од почетокот на оваа година.

„Turkish Airlines“ има за цел нејзините акции да пораснат до 10 долари (околу 186 турски лири), рече претседателот на берзата Ахмет Болат, без да даде временска рамка за целта.

Поттикнат од бумот во бизнисот со товари, превозникот успеа брзо да ги надмине ефектите од Ковид-19, го зголеми својот профит и се приближува до нивоата на капацитет забележани пред пандемијата.

Превезе повеќе од 60 милиони патници во десетте месеци од годината, во споредба со 36,2 милиони во 2021-ва година и 63,1 милиони во 2019-та година.

„Turkish Airlines“ објави нето добивка од 38,5 милијарди турски лири за периодот јануари-септември, што е зголемување од речиси 517 отсто во однос на истиот период минатата година, кога објави 6,2 милијарди лири. Добивката за периодот јануари-септември 2019-та година е 2,5 милијарди фунти.

Заклучно со третиот квартал од годината, вкупниот приход на компанијата беше 6,1 милијарди долари, пред 2019-та година за 52%, додека приходите од карго пораснаа за 110% на 880 милиони долари.

Нето добивката на превозникот беше 1,5 милијарди долари за кварталот јули-септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП