2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИскористи ја последната шанса да станеш Гранд милионер оваа година!

Искористи ја последната шанса да станеш Гранд милионер оваа година!

Уште само неколку дена до последната шанса да станете Гранд милионер во 2022 година! Побрзајте и испратете го кодот од пакувањето на вашето омилено Гранд кафе, бидејќи никогаш не се знае кој код може да се покаже како добитен. Сведок за тоа дека среќата ги следи храбрите е и Адријана Стефановска од Куманово, која стана третиот Гранд милионер за оваа година.

Гранд кафе на 22 ноември го извлече и третиот добитник на еден милион денари до наградната игра „Стани Гранд милионер“ за оваа година – што значи дека ви остануваат само уште неколку денови до следното извлекување и до шансата и вие да освоите една од главните награди.

„Дома пиеме Гранд кафе уште многу одамна и купуваме ново пакување секои три дена. Решив да не ги собирам пакетчињата туку-така и наместо тоа да се обидам да испратам код за наградната игра. Не памтам колку беа, но сигурно беа многу. Ете, баш еден од нив се погоди да биде добитен“, вели Адријана Стефановска, добитник на 1.000.000 денари од наградната игра на Гранд.

Иако е голем љубител на Гранд и многу често праќа кодови за наградната игра, сепак Адријана не се надевала дека токму таа ќе ја добие најголемата награда. Планирањето како ќе се потрошат парите не траеше долго, бидејќи Адријана ни откри дека децата веќе резервирале дел од парите, а останатите се планирани за подароци за најблиските. Ако нешто остане, вели таа, ќе биде искористено за да се поднови нешто во домот.

„Во оваа наградна игра секој има шанса за добивка. Сите љубители на Гранд треба да си ја пробаат среќата и да испраќаат кодови, бидејќи среќата е непредвидлива и не знаете кога ќе ви се насмевне“, додава Адријана.

Почнувајќи од 24.08 па се’ до 21.12 оваа година, секое купување на Гранд кафе од 200 грама може да ви донесе еден куп вредни награди, па дури и да ве направи милионер! Во внатрешноста на секое пакување Grand Gold 200gr, Grand Aroma 200gr и Grand Strong 200gr, на самата амбалажа е втиснат код кој лесно ќе го забележите. За да учествувате во наградната игра „Стани Гранд милионер“, се’ што треба да направите е да го испратите кодот на веб-страната www.grandkafa.mk или преку СМС со текст GRAND (празно место)код на број 149491. Навистина е толку едноставно!

Остана уште сосем малку време од наградната игра „Стани Гранд милионер“! Затоа, побрзајте и отворете нова ќесичка Гранд кафе, испратете го кодот втиснат на амбалажата и очекувајте го повикот кој може да ве направи милионер! Секој ден до крајот на наградната игра испратениот Гранд доделува вредни пакети со производи, секоја недела по еден iPhone SE 64GB, а на 21 декември ќе биде извлечен и последниот добитник на главна награда од 1.000.000 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП