4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPublicis Groupe преку својот медиумски бренд Zenith го прошири своето партнерство со...

Publicis Groupe преку својот медиумски бренд Zenith го прошири своето партнерство со Nomad Foods и во адриатик регионот

Водечката компанија за производство на замрзната храна Nomad Foods (Номад Фудс) под чија капа се познатите брендови како Birds Eye, Findus, Iglo, Ledo и Frikom, услугите за медиумско планирање и закуп за Адриатик регионот (Хрватска, Србија, Босна, Словенија, Црна Гора и Северна Македонија) ги додели на Publicis Groupe Adriatic и нејзината медиумска агенција Zenith.

Оваа проширена соработка се надоврзува на веќе седумгодишното партнерство на Zenith со Номад Фудс. Zenith моментално работи на сите онлајн и офлајн медиумски активности на Номад Фудс на други 14 европски пазари.

Во конкуренција со неколку локални агенции, Zenith беше избран врз основа на квалитетот на глобалниот и локалните тимови, нивната локална експертиза, како и врз база на предложениот начин на работа и севкупната координација.

Christian Lee, Глобален оперативен директор во Zenith, изјави: „Возбудени сме што го проширивме нашето долгогодишно партнерство со Номад Фудс. Оваа победа е доказ за нашиот талент, високите перформанси кои ги обезбедуваме, за стратешкиот начин на работа и нашите медиски алатки кои се водечки во индустријата“.

Александра Дилевска, Главен извршен директор на за Хрватска и Северна Македонија, и Главен оперативен директор на Publicis Groupe за Адриатик регионот на додаде: „Да се ​​биде одговорен за медиумскиот бизнис на Номад Фудс во Адриатик регионот е навистина возбудливо за сите нас, а истовремено и доказ за вредноста на “Power of One” кој претставува синергија од најдоброто од сите наши агенции. Горди сме што сме дел од оваа важна задача“.

„Zenith има длабоко и суштинско разбирање на нашата визија за раст и затоа сме радосни за нашето проширено партнерство во Јадранскиот регион“, вели Стив Екс, Главен директор за маркетинг во Номад Фудс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП