22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо Нова година домаќинствата од прв и втор блок ќе добиваат исти...

По Нова година домаќинствата од прв и втор блок ќе добиваат исти сметки за струја како досега?!

Започнаа пресметките за новата цена на електричната енергија која треба да важи од Нова година до почетокот на месец јуни 2023 година. Според информациите до кои дојде Денар веќе е одржан првиот состанок во Министерството за економија на кој присуствувале претставници на ресорното министерство, членови од Регулаторната комисија за енергетика, како и претставници на енергетските компании од Македонија, ЕСМ, МЕПСО и ЕВН Македонија.

Се уште е рано да се каже во која насока ќе се движат промените на цената на струјата, бидејќи надлежните посочуваат дека е можно цената и да не се менува. Сепак едно е јасно од први јануари, се зголемува ДДВ-то на струјата и тоа од пет на десет отсто во сметките на домаќинставата и малите потрошувачи кои електричната енергија ја добиваат од регилураниот пазар.

Енергетскиот совет започна со пресметките за новата цената на струјата, потврдија од Министерството за економија. Од економија велет дека се разгледуваат сите можни опции се со цел да нема зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата. Властите велат дека тоа е можно преку влијанието кое владата го има во однос на одредување на цената која ЕСМ нуди за Универзалниот снабдувач.

„Ќе бидеме посветени да нема зголемување на цената на електричната енергија, особено за домаќинставата и тоа во првите шест месеци од 2023 година. Како министерство и како влада но и целокупното раководство на енергетските компании стоиме позади ова залагање. Одлуката која ќе се донесе ќе биде во интерес на граѓаните, се со цел домаќинставата да немаат зголемени сметки за електрина енергија“, велат од Министерството за економија.

Според процедурата, најдоцна до 25 месецов ЕСМ подготвува информација до владата и таа се разгледува на затворена седница на владата со сите податоци, анализи, проекции кои ги изработиле од државната енергетска компанија. Согласно тие податоци владата ја носи конечната одлука за цената со која државните електрани ќе ја понудат на тендерот на Универзалниот снабдувач. Во следниве три недели треба да се подготви таа документација и потоа властите велат дека ќе ја известат јавноста.

Набавките на струја кои ги прави ЕСМ од берзите нема да влијаат врз крајната цена за домаќинствата, велат од ЕСМ. Од ЕСМ уверуваат дека целата струја која ја користат граѓаните е произведена од домашните капацитети, а таа струја што се увезува е за потребите на државните институции и приватните фирми кои се снабдуваат од слободниот пазар.

Уште на самиот старт на пресметките надлежните излегоа со уверување дека за домаќинставата кои се во првиот и во вториот блок, кои се и најбројна категорија корисници на електрична енергија нема да се случи зголемување на цената на струјата со образложение дека цената понудена на тендерот ќе биде така прилагодена.

Според информациите до кои дојдовме властите се лути на одредени домаќинставата кои се со повисоки приходи, и немаат проблем во подмирување на сметките за електрична енергија во време на криза да имаат иста цена на струјата со граѓани кои имаат просечни приходи во рамки на домаќинставата.

Податоците велат дека некои домаќинства имаат поголема потрошувачка на електрична енергија дури и од компании со производствени капацитети. Станува збор за потрошувачка од над 40 мегавати на месечно ниво. И таквите несовесни потрошувачи ќе плаќаат цени по пазарна вредност, додаваат од економија.

Според информациите до кои дојде Денар нема да се случат ниту промена во однос на тарифните блокови за домаќинствата, а во фаза на изработка е сличен таков модел и за малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар.

Засега ниту една од енергетските компании не сака да каже колкави ќе бидат барањата за признавање на нивните трошоци бидејќи велат дека се на почеток на пресметките.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП