Symphony Digital (Симфони Дигитал) има влијание на ИТ пазарот во Македонија од 2019 година. Кога за прв пат го отворија својот инженерски центар во Скопје, тие воедно и ја поставија основата за нови можности за талентирани IT инженери, истовремено активно придонесувајќи за развојот на локалниот ИТ еко систем. Оттогаш, Symphony Digital (Симфони Дигитал) гради и негува силен тим кој успешно соработува со водечки компании во банкарскиот, здравствениот, трговскиот, транспортниот и енергетскиот сектор за развој и спроведување на врвни дигитални производи.

За крунисување на успесите и резултатите во претходните четири години, во среда, 14 декември 2022 година, Symphony Digital (Симфони Дигитал) официјално ќе го отвори технолошкиот центар во Скопје, прв од ваков вид во Македонија. Ова е трет технолошки центар на Symphony Digital (Симфони Дигитал) во Југоисточна Европа, по Нови Сад и Сараево.
Следејќи ја истата визија за создавање простор кој одговара на потребите на вработените, при тоа овозможувајќи им да се среќаваат, да соработуваат и да растат заедно, се надеваме дека ќе го видиме новиот технолошки центар Symphony Digital (Симфони Дигитал) како место на кое се раѓаат иновациите и се споделува знаење и место на кое се одржуваат значајни и квалитетни настани, како и во нашите останати технолошки центри.



