2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSaab се враќа во живот

Saab се враќа во живот

saabb

Од производната лента во фабриката во Тролхантан во Шведска излезе првиот предпродукциски „Saab 9-3“ од новата серија. На прв поглед „ново-стариот“ модел изгледа идентично како и автомобилот кој престана да се произведува во 2011-та година.

Новиот сопственик на „Saab“, конзорциумот „National Electric Vehicle Sweden AB“ (NEVS), неодамна најави дека ќе го обноват производството на автомобили на оваа марка. Процесот започна во средата на 18-ти септември кога во фабриката официјално беше претставен првиот прототип на моделот „Saab 9-3“.

saabb1

Иако автомобилот изгледа непроменето во однос на моделот кој се произведуваше уште од 2002-та година.

Не е точно прецизирано што е ново на стариот „Saab 9-3“, но производителот вели дека станува збор за некои нови механички компоненти кои треба да се тестираат во реални услови. Тоа значи дека масовното производство нема да започне за некое време.

saabb2

Веста за рестартирањето на производството нема да биде вистинско изненадување за „NEVS“ да ги промени првичните планови. Имено кога конзорциумот го превзема „Saab“, беше најавено производство на автомобили со електричен погон.

Во меѓувреме е донесена одлука да се продолжи со изработка на возила со конвенционален погон, затоа што најавениот електричен модел се уште не е подготвен за сериско производство. Активирањето на „Saab 9-3“ би требало да ја пополни празнината во производната програма до лансирањето на електричната верзија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП