недела, 5 февруари 2023
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Xiaomi 13 Ultra“ ќе има карактеристичен сензор за камера

„Xiaomi 13 Ultra“ ќе има карактеристичен сензор за камера

Наскоро се очекува серијата на телефони „Xiaomi 13“, а ќе се состои од два модели – стандардниот „Xiaomi 13“ и „Xiaomi 13 Pro“. Но, ќе има и модел „Ultra“.

„Ultra“ варијантата на телефонот ќе пристигне подоцна, а дојавувачот „Digital Chat Station“ сега откри некои од главните спецификации на системот за камера на „Xiaomi 13 Ultra“.

Врз основа на новите информации, „Xiaomi 13 Ultra“ ќе има систем со четири камери. Главниот еден инчен сензор (Sony IMX989), го препознаваме од телефонот „Xiaomi 12S Ultra“.

Нова карактеристика е дека „13 Ultra“ може да користи стабилизација на гимбал.

Нема многу информации за преостанатите сензори, но има потврда за автофокус „PDAF“ на сите четири сензори и сензор „dToF“ (Direct Time-of-Flight).

„Xiaomi 13 Ultra“ најмногу ќе го задржи куќиштето на камерата од моделот „12S Ultra“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП