21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПесимизам на крипто берзите: Цената на биткоинот може да падне на 5...

Песимизам на крипто берзите: Цената на биткоинот може да падне на 5 илјади долари

Тешката година за пазарот на криптовалути би можела да стане уште потешка, според некои аналитичари.

На крилјата на биткоинот, многумина стекнаа големо и неочекувано богатство, а голем број луѓе видоа во криптовалутите профитабилен облик на заштеда, па вложија многу пари, верувајќи дека тоа ќе им се исплати. Но, додека до ноември минатата година цената на акцијата постојано растеше и достигна неверојатни 69 илјади долари за еден биткоин (тогаш се најавуваше дека неговата цена може да достигне 100 илјади долари за биткоин), денес таа цена е околу 17 илјади долари , а некои експерти предвидуваат натамошен пад на вредноста.

Како што опиша шефот на Bybit, Бен Џоу, влегуваме во уште постудена криптозима отколку што очекувавме и што може да резултира со нови кризи со ликвидноста на крипто берзите, отпуштања во оваа индустрија и, според тоа, продолжување на падот на цената од повеќето криптовалути. Да потсетиме, иако берзите за криптовалути бележат пад од крајот на минатата година, големи проблеми уследија по колапсот на TerraUSD токенот во мај и неодамнешните проблеми со берзата за криптовалути FTX, кои го зафатија целиот пазар.

За оние кои се надеваат дека сонцето ќе изгрее по дождот и дека по сите овие проблеми следната година би можело да дојде до закрепнување на пазарот, аналитичарот на мултинационалната банка Стандард Чатерс, Ерик Робертс нема добри вести. Имено, тој смета дека, според едно од нивните сценарија, вредноста на биткоинот би можела да продолжи да паѓа, до вредност од само 5 илјади долари.

Неговиот песимизам го дели и извршниот директор на BlackRock, Лери Финк, кој верува дека повеќето криптокомпании нема да ги преживеат последиците од колапсот на FTX.

Додека, според аналитичарите, вредноста на биткоинот ќе падне, можеме да очекуваме нов раст – златото. Со оглед на тоа што криптовалутите веќе нема да бидат толку интересни за инвеститорите, односно бидејќи ситуацијата на традиционалните берзи ќе продолжи да биде нестабилна, тие ќе ги свртат своите инвестиции кон злато, чија цена може да порасне за 30 проценти во текот на 2023 година.

Сепак, треба да се нагласи дека не сите се толку песимисти за ситуацијата на крипто берзите, па еден од инвеститорите, Тим Дрејпер, верува во нов голем скок на цената на биткоинот следната година, до неверојатна бројка од дури 250 илјади долари, што е тешко, односно речиси невозможно да се поверува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП