26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Pfizer“ инвестира 2,5 милијарди долари во производство на лекови во Европа

„Pfizer“ инвестира 2,5 милијарди долари во производство на лекови во Европа

Американскиот фармацевтски гигант „Pfizer“ објави дека ќе инвестира повеќе од 2,5 милијарди долари во производство на лекови во Европа за да го надомести изгубениот приход по истекот на патентите за некои лекови и падот на продажбата на вакцината против Ковид-19.

На тој начин „Pfizer“ планира да потроши повеќе од 1,2 милијарди евра за проширување на фабриката во Пурс, Белгија, откако претходно ја објави истата сума за фабриката во Даблин.

Фабриката во Пурс одигра клучна улога во производството на вакцината против Ковид-19 што „Pfizer“ ја разви со својот германски партнер „BioNTech“, користејќи технологија на мРНА.

Во Даблин, „Pfizer“ произведува материјал за сложени биолошки средства и вакцини, а дополнителната инвестиција треба да го удвои капацитетот на фабриката.

Приходите на „Pfizer“ се очекува да надминат 100 милијарди американски долари во оваа година и повеќе од двојно повеќе од нивото пред пандемијата благодарение на продажбата на вакцини и лекови против Ковид-19.

Во следните неколку години, продажбата на вакцини и лекови за Ковид-19 треба нагло да падне, а во 2025-та година ќе истече патентот на „Pfizer“ за лекови за рак и артритис „Ibrance“ и „Xeljanz“.

„Pfizer“ се надева дека ќе донесе дури 19 нови производи на пазарот во следната година и половина, вклучувајќи лекови за улцеративен колитис и мигрена, како и вакцина за респираторен синцицијален вирус (RSV).

„Нашето портфолио е силно и бара проширување на нашата мрежа за да се сместат нови производи кои навистина ќе имаат влијание“, рече шефот за набавки на „Pfizer“, Мајк Мекдермот.

„Во погоните во Белгија и Ирска, компанијата ќе произведува нови производи кои ќе покриваат различни терапевтски области, вклучувајќи ретки болести, воспаленија и имунологија“, рече Мекдермот.

Европските компании моментално се борат со зголемените трошоци за енергија, работна сила, суровини и кредити. Производителите на стоки кои трошат многу енергија, како ѓубрива и хемикалии, се во најтешка позиција, па некои одлучија да го преселат производството во земји со пониски цени на енергијата, како што се САД.

Производителите на лекови предупредуваат дека трошоците за енергија може да ги поткопаат напорите за зголемување на производството на генерички лекови во Европа за да се намали зависноста од надворешни добавувачи, потсетува „Reuters“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП