4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДизајнерот на „BMW“ се обиде да го оправда контроверзниот изглед на моделот...

Дизајнерот на „BMW“ се обиде да го оправда контроверзниот изглед на моделот XM (ВИДЕО)

„BMW XM“ е првиот одделен модел на „М“ дивизијата по „М1“, но и автомобил кој крена прашина како никој друг пред него.

Има причини за критика. На пример, иако ова е најсилното „BMW“ во гамата, „XM“ со 2.710 килограми е најтешкиот модел во гамата на баварскиот производител и затоа тешко може да се опише како спортски.

А кога станува збор за дизајнот кој предизвика поделени мислења, тука се шефот на „BMW M“, Френк ван Мел, како и шефот за дизајн на „BMW“, Домагој Ѓукец, кој се обиде да објасни како настанал „XM“.

Ѓукец признава дека одлуката е донесена намерно да се преувеличува дизајнот на предните светла и „бубрезите“ со цел возилото да се истакне меѓу другите автомобили.

Наводно, потенцијалните купувачи го барале токму тоа – поизразен дизајн, па така осветлените огромни бубрези не треба да не изненадуваат.

Сè е големо за „XM“, вклучувајќи ги и 23-инчните тркала. Да не зборуваме за задните издувни цевки, како и за она што се наоѓа под хаубата.

Има само две врски со легендарниот „М1“, а тоа се бронзените детали и логото на „BMW“ на задното стакло.

Производството започна, а почетната цена на моделот „XM“ е 170.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП