17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРазбудете ја креативноста во вас

Разбудете ја креативноста во вас

kreativnost1

За да бидете иновативен претприемач, треба да ја храните креативноста во вашето секојдневие, за да вашиот ум е подготвен, кога можностите ќе се појават. “Креативните идеи, најчесто надоаѓаат од необични комбинации”, велат експертите по психологија. “Најдоброто решение е да не биде нешто на кое сите размислуваат, туку да биде нешто необично”

Овие необични комбинации, се поврзани идеи кои може да се неповрзани на прв поглед. Тие се основата на креативното мислење.

Да ја развиете креативноста, би требало да ги зголемите вашите шанси за да се препнете на неочекувана алка . Следуваат 4 стратегии кои можете да ги користите во секојдневието, кои ќе го тренираат вашиот ум, за да бидете повеќе креативни во бизнисот.

1. Протресете ја вашата рутина

За да ги проширите вашите креативни хоризонти, бидете опкружени со широк опсег од можности и искуства. Разновидно работно место е од помош, но не е доволно. Работењето однадвор, подразбира и разновидност од тоа : што јадете, во кои кругови се движите, каков вид на уметност следите, места каде патувате, книги кои ги читате итн.

“Разновидноста претставува различен вид на стимули. Ви ги отвора видиците до нови бројни можности”, велат експертите. Многу е веројатно да најдете необично решение кога имате повеќе опции кои се пред вас.

2. Барајте фидбек

Многу често разговараме за важни идеи со внатрешниот круг на колеги, но правејќи го тоа можеме да ги пропуштиме очигледните одговори. Некој кој е помалку експерт може да забележи невидлива претпоставка. Тие можат да ви помогнат да го видите проблемот или идејата во ново светло.

3. Ослободете се од ригидните правила

Како кралицата во Алиса во земјата на чудата, која размислува за невозможни нешта на половина час секој ден, треба да го тренирате вашиот ум да биде повеќе отворен. Практикувајте  да го пуштите вашиот ум да “талка” и да смислите  што е можно повеќе идеи. Ова може да ви звучи апсурдно. Можете да изгледате и смешено. Хуморот ќе ви помогне да ги ослободите вашите ограничувања.

Релаксирајќи ги стандардите, додека ги генерирате идеите тоа ја зголемува вашата отвореност и ја подига вашата креативност. Ако мислите на 99 невозможни идеи и една која е возможна, тогаш тоа време е одлично потрошено.

4. Набљудувајте го светот околу вас

Кога ќе се “завиткате” во својата глава, креативните идеи можат да ви бидат пред вашиот нос. Најкреативните луѓе секогаш внимаваат на интересни нешта, и покрај тоа што го работат во моментот.

Запишувајте во нотес или во компјутерски фолдер кој ќе е полн со интересни идеи, статии, слики и мисли. Идеите ќе надојдат во оној момент кога најмалку очекувате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП