Поради протестот на приватните автобуски превозници денеска во Скопје од раните утрински часови има посебен сообраќаен режим.
„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 05.12.2022 (пoнеделник), поради најавено одржување на протест, со почеток во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот. Притоа, посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на бул. „Илинден“ – од крстосницата на бул. „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“, до крстосницата од бул.„8 Септември“ и бул. „Илинден“ – крстосницата од ул. „11 Октомври“ и бул.„ Кочо Рацин“ (Црвен крст) и крстосницата од бул. „Гоце Делчев“ и бул. „Крсте Мисирков“ (Судска палата)“, се вели во соопштението од МВР.

