3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌЕ БИДАТ ПОТРЕБНИ ГОДИНИ ЗА ДА СЕ ВРАТАТ ЦЕНИТЕ НА НИВОТО ПРЕД...

ЌЕ БИДАТ ПОТРЕБНИ ГОДИНИ ЗА ДА СЕ ВРАТАТ ЦЕНИТЕ НА НИВОТО ПРЕД ВОЈНАТА: Шефот на една од најголемите светски компании за енергетската криза

Ќе бидат потребни години за цените на енергенсите да се вратат на нивото пред војната во Украина, изјави за Би-Би-Си директорот на една од најголемите светски енергетски компании Енел, Франческо Стараќе.

Стараќе рече дека намалувањето на цената зависи од новите извори на енергија како што се обновливите извори на енергија и топлинските пумпи.

Тој рече дека компанијата која произведува и дистрибуира струја и гас, годинава се обидела да ги заштити своите 20 милиони европски корисници од нестабилноста на енергетскиот пазар.

Италијанскиот енергетски гигант продава електрична енергија на повеќе од 70 милиони домови и бизниси во повеќе од 30 земји. Но, Енел планира да излезе од многу од тие земји бидејќи се фокусира на обновливите извори на енергија и исто така сака да ги намали своите огромни долгови од околу 63 милијарди долари. Инвестира многу во производството на соларни панели бидејќи ја проширува постоечката фабрика на Сицилија и гради нова во САД, јавува Би-Би-Си.

Зголемените цени на енергенсите најмногу придонесоа за инфлацијата и за кризата на трошоците на животот во Велика Британија, САД и еврозоната.

– Глобалната енергетска криза предизвикана од руската инвазија на Украина покажа колку е опасна за Европа зависноста од единствен извор на енергија – рече Стараќе.

Како што рече, иднината ќе биде „исклучително декарбонизирана“ и ќе зависи од нуклеарната и обновливата енергија, меѓутоа, оваа транзиција кон обновливи извори на енергија носи и ризици.

Стараќе рече дека Западот премногу се потпира на Кина за обновлива енергија и други добра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП