24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали „iPhone“ конечно ќе добие многу корисна безбедносна функција?

Дали „iPhone“ конечно ќе добие многу корисна безбедносна функција?

Наскоро доаѓа ново ажурирање на оперативниот систем „Apple iOS“ и носи голем број интересни нови функции.

Веќе се зборуваше за безбедносната функција наречена „Rapid Security Response“, објавена кога првото издание на „iOS 16“ стана достапно, но до сега не стигна до уредите на корисниците.

Накратко, оваа функција треба да му овозможи на „Apple“ да испраќа безбедносни ажурирања надвор од редовните ажурирања на „iOS“. Тие го тестираа на 16-ти ноември, како дел од бета изданието на „iOS 16.2“, за да го повторат тестирањето веќе следната недела.

Негативната страна на тековниот систем за ажурирање е тоа што „Apple“ постепено ги ажурира телефоните на кои е вклучена „Automatic Updates“ функцијата.

Како резултат на тоа, луѓето чекаат денови или недели за нова верзија на „iOS“, оставајќи ги нивните уреди во ризик бидејќи хакерите постојано наоѓаат начини да ги искористат безбедносните пропусти.

Друг тест дава навестување дека „Rapid Security Response“ може да се најде во следното издание на оперативниот систем, а со тоа и на уредите на секој што ќе одлучи да го надгради.

Ова може да биде корисно бидејќи ќе му овозможи на „Apple“ да ги заштити „iPhone“ уредите без рачно да инсталира софтверски ажурирања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП