15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриватните превозници утрово ја блокираа „Илинденска“

Приватните превозници утрово ја блокираа „Илинденска“

Превозниците од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово повторно го блокираа сообраќајот во Скопје на десната лента на булеварот „Илинден“.

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски најави дека околу 200 автобуси ќе бидат паркирани пред објектите на Град Скопје.

Тој додаде дека ако нема резултат и после денешниот ден, 200 автобуси од понеделник ќе ги блокираат крстносницата кај ТЦ „Мавровка“, кај зградата на Црвен Крст и булеварот „Илинден“.

Причина за блокадите е што приватните превозници не постигнале договор со Град Скопје и ЈСП за исплата на долгот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП